Автомобил со кичевски регистарски ознаки марка „фолксваген фасат“ удри во бетонска препрека која го двои направениот од ненаправениот дел од автопатот, пренесува „Скопје 1“.
Очевидци за порталот велат дека веројатно сообраќајката настанала откако возачот возел со поголема брзина од пропишаната, не ја видел острата кривина и удрил во бетонот. Предниот дел од автомобилот e целосно искршен.
Полиција изврши увид на местото на настанот, по што ќе се знаат повеќе детали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.