Автобус на ЈСП утрово излета од патот Раштак-Булачани. Според првичните информации, нема повредени лица, бидејќи во автобусот немало патници.

Засега не е позната причината за несреќата, но извесно е дека ќе треба да се проверува и техничката исправност на возилото. Не така одамна, јавноста памети дека кога автобус на ЈСП влета во жардењери кај „Мавровка“, возачот излезе на прес-конференција и обвини дека возилото било технички неисправно. Обвинителството уште го чека вештачењето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.