18-годишен мотоциклист и дете кое било на моторот се повредени во сообраќајна несреча кај селото Чајле, Гостиварско.

Од МВР информираат дека моторот се судрил со „ауди“, управувано од Џ.И.(28) од селото Форино.

Мотоциклистот и неговата малолетна сопатничка се хоспитализирани во Ургентниот центар – Гостивар.

По насока на Јавен обвинител увид извршила полициска екипа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.