Вчера во 07.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Финска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „дукати“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Б.(43) од с.Арачиново, скопско и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(61) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.