Вчера во 17.40 часот било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Граничен премин Белановце, атар на село Белановце, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(62) од с.Арачиново-скопско, и возило „дачиа дастер“, сопственост на МВР, управувано од О.С.(43) од с.Облавце-кумановско.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле А.Б., О.С., како и уште тројца полициски службеници кои биле во возилото „дачиа“ и уште три сопатнички од патничкото возило „мерцедес“, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.