Вчера околу 16 часот и 10 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 32-годишниот Ч.Б. од тетовски Бродец.
Тој претходно бил пријавен од неговата поранешна 41-годишна партнерка од Тетово дека и по прекинувањето на врската продолжил да ја следи, малтретира и да ѝ се заканува.
Од СВР Тетово велат дека тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.