Апелацискиот суд во Скопје ја преиначи првостепената пресуда од Основниот суд во Велес за Ангелче Николов, кој во декември минатата година на пешачки премин ја прегази 11-годишната Магдалена во центарот на Велес. Од изречените 18 години, Апелација му намали десет години за двете дела за кои тој се товареше – „тешки дела против безбедноста на луѓето“ и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“.
Оваа одлука на Апелациониот суд е финална, а Николов од притворското одделение, со денешната одлука, ќе биде упатен на издржување на затворската казна. Покрај затворска казна, Николов доби и пет годишна забрана за управување на моторно возило, која ќе биде ефективна од денот на неговото излегување од затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.