Алијанса за Албанците го осудува говорот на омраза и инцидентите предизвикани во центарот на Скопје од страна на „Комитите“, како и навредите од некои бугарски државјани упатени кон припадниците на полицијата на РСМ на граничниот премин Деве Баир.
Ваквата ескалација не придонесува за релаксација на односите меѓу двете земји и европската интеграција на Македонија. Ваквите антиевропски сцени се срамни и од нив треба да се дистанцира политиката во Скопје и Софија.
Алијанса за Албанците апелира на итно смирување и умерено дејствување. Страните треба да ги решаваат недоразбирањата меѓу министерствата за надворешни работи, во европски дух и фокусирајќи се на спроведувањето на договорот за пријателство меѓу двете земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.