Педесет и седумгодишен жител на тетовско село, вчера во СВР Тетово пријавил дека 58-годишниот М.М. од Република Албанија во текот на минатиот месец нему и на уште едно лице им ветил дека ќе им отвори фирма во Дубаи, а за возврат тие во три наврати му платиле вкупно 11 илјади евра.

Но, ниту фирмата им била отворена, ниту парите им ги вратил, по што сфатиле дека се измамени, велат од СВР Тетово, додавајќи дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.