Актерката Силвија Стојановска, која денеска во Кривичниот суд доби ослободителна пресуда за обвинението за шверц на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија, ќе бара обештетување од државата за нарушен углед. Ова денеска го најави нејзиниот адвокат Димитар Савовски,според кој актерката апсолутно има право на надомест.
Надомест поради нарушен углед, за изгубена добивка и што не, но за жал, нашата извршна власт, Министерството за правда, не е спремно да се спогодува по овие прашања. Не само по овој предмет, туку искуството тоа го говори. Повторно ќе треба да се судиме две години со државата, да се утврди штетата, која е, колкава е. Апсолутно ќе бараме, рече адвокатот Савовски по пресудата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.