Христијан Пендиков ќе се појави пред охридскиот суд кога ќе треба да сведочи, уверува неговиот адвокат Стефан Карамишевски. Тој по рочиштето посочи дека Пендиков не може да дојде засега поради здравствени проблеми, а по укажувањето дека давал интервју за бугарска телевизија пред неколку дена, рече: „Не сум го гледал тоа интервју“. За адресата, адвокатот посочи дека ќе ја даде кога ќе ја добие од Пендиков.

Го застапувам како жртва и оштетен, додаде адвокатот кој посочи дека Пендиков не може да зборува и има здравствени проблеми.

Пред судот, правниот тим на Пендиков посочи дека не знаат кога натепаниот ќе дојде од Бугарија. Тие тврдат дека отсуството е поради медицински причини. Судот побара адреса за да испратат покана за Пендиков присуствува како сведок на следните рочишта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.