Велес и Македонија завиени во црно по трагедијата која доцна синоќа се случи во овој градот. Животот го загуби 11 годишно девојче, а нејзината мајка се здоби со повреди откако автомобил удри во нив. Возачот избегал од местото на несреќата и по него трага полицијата.

На социјалните мрежи се огласи познатиот адвокат Јанаки Митровски.

Ако го знае некој семејството на прегазеново дете од Велес нека им даде контакт да го решиме дундево што избега и го остави да умре на улица!, напиша Митровски.

Од МВР излегоа со официјални детали за несреќата која кај нив била пријавена околу 22:15 часот.

На ул.„Борис Трајковски“ во Велес, патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.Н.(29) од Велес, удрило во пешаците Е.И.(43) и нејзината малолетна ќерка од Велес, по што го напуштило местото. Во несреќата, малолетничката починала на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, информираат од полицијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.