Вчера во 14 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улица „Љуботенска“ во Тетово, патничко моторно возило „фолксваген бора“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 81-годишниот тетовец С.Х., удрило во велосипед управуван од 72-годишниот тетовец Ш.М..

Во несреќата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.