Шеесет и петгодишен кумановец починал во Македонски Брод при изведување на градежни активности, односно додека управувал багер, пишува МВР во својот билтен.

Случајот е пријавен вчера во 11:08 часот. Од страна на лекар констатирана е смрт. Извршен е увид од увидна екипа од Полициската станица во Македонски Брод, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција, се вели во соопштението.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.