Вчера во СВР Охрид извршен е разговор со Г.И.(47) од Охрид и притоа констатирано е дека тој е сторител на кривичното дело „оштетување“, извршено на рекламна табла со натпис „Цар Борис III“ поставена над објектот од здружението лоцирано во трговскиот центар „Амам“ на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, соопшти денеска МВР.

Во врска со делото, предвидено во член 243 од Кривичниот законик, а во консулатација со Јавен обвинител, СВР Охрид до здружението ќе испрати известување заради нивно натамошно постапување, додаваат оттаму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.