При претрес на дом во Козле пронајдени се 19 пакувања со вкупно 21,6 грама амфетамин, повеќе дигитални ваги со остатоци од дрога, како и огнено оружје – пиштол „Црвена застава“ со калибар 7,65 милиметри и два куршуми, информираат од Основното јавно обвинителство Скопје.
Психотропните супстанции и оружјето биле пронајдени при претрес на домот на осомничениот 42-годишник на 5 јануари.
– Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за за кое постои основано сомнение дека ги сторил кривичните дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори по член 215 став 1, како и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи согласно член 396 став 1 од Кривичниот законик, стои во соопштението од ЈО.
Дополнуваат дека со оглед на тоа што во конкретниот случај постојат околности кои што укажуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство или да ги повтори делата, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил оредлог за определување мерка притвор
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.