СВР Велес излезе со детали за сообраќајката во која загина едно лице, а три се тешко повредени, на патот од Кавадарци за Росоман, кај росоманското село Рибарци.
Вчера во ОВР Кавадарци било пријавено дека околу 08.45 часот во близина на село Рибарци, општина Росоман, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 18-годишната В.З. од Градско и товарно возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(46) од Велес, појаснија од СВР Велес.
Оттаму соопштија дека од здобиените повреди на местото починал М.П.(40) од Велес, сопатник во товарното возило, а смрт констатирал лекар.
Со тешки телесни повреди се здобиле возачот на товарното возило и 18-годишната А.Н., сопатник во патничкото возило, а со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило, констатирани во болницата во Кавадарци. Увид на местото извршиле јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Кавадарци. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, информираа од СВР Велес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.