Ноќва во 3 часот и 50 минути во СВР Тетово пријавено е дека настанал пожар во објект (барака) со инкубатори за пилиња во тетовско Камењане, сопственост на 32-годишниот С.Р. од ова село.

Нема повредени лица, а во пожарот, според пријавеното, угинале околу 4000 пилиња, велат од СВР Тетово.

Со интервенција на тетовската Територијална противпожарна единица пожарот целосно е локализиран.

Во текот на денот ќе се врши увид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.