На 13 февруари околу 3 часот и 30 минути во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле 38-годишниот гостиварец Ј.Б, кој претходно бил пријавен од неговата 59-годишна мајка дека агресивно се однесувал во нивниот семеен дом и ја оштетувал покуќнината, а со агресивно однесување продолжил и по приведувањето.
Од СВР Тетово велат дека тој е задржан во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.