На 25.06 во 03.50 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Н.(30) од с.Цветово-скопско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со малолетно лице“.

По насоки од Јавен обвинител, од полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Аеродром и Драчево била известена Јавната установа-Меѓуопштински центар за социјална работа Скопје и заедно со претставници од установата од с.Цветово, била донесена малолетничката во Полициската станица Драчево. Извршен бил разговор со неа во присуство на претставници од ЈУМЦСР, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот против А.Н. ќе следува кривична пријава.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.