Вчера од страна на полициски службеници од СВР Охрид-НККР Струга, Оддел за криминалистичка полиција-Сектор за општ и насилен криминал и Оддел за специјални полициски операции преземени се мерки и активности и лишен е од слобода С.Н. (44) од село Велешта поради основано сомнение за сторено кривично дело убиство во обид врз Д.А. Од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена, по што С.Н. е спроведен во КПУ Скопје, соопшти МВР. Претходно, Основното јавно обвинителство (ОЈО) Струга донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 44 годишен жител на струшкото село Велешта, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство во обид кога вчера со нож го прободи и тешко го рани началникот на струшката полиција, Дритан Ајро, брат на вишиот обвинител, Артан Ајро.

„На 28 јули 2023 околу 17:35 часот на улицата Ристо Крле во Струга осомничениот С.Н. со неговото возило му го попречил патот на Д.А., кој бил со своето возило и прво вербално го нападнал, а потоа му нанел повреди со остар предмет, по што се дал во бегство. Д.А. бил пренесен во болницата во Струга, каде му е укажана лекарска помош. По преземените мерки од полициски службеници на СВР Охрид- НККР Струга во координација со Одделот за криминалистичка полиција -Сектор за општ и насилен криминал против С.Н. е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „убиство во обид“ и од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена, по што С.Н. е спроведен во КПУ Скопје“, информираше МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.