Г.М. (31) вечерва доби 30-дневен притвор откако Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против него за сомневање дека помагал при извршување на кривично дело – убиство во Шиша бар во Старата скопска чаршија на 6 март. МВР денеска соопшти дека во Гази Баба полицијата изврши претрес во еден дом и го приведе Г.М. од Скопје, кој бил баран со потерница од надлежното обвинителство во врска со убиството Шиша бар.
Осомничениот 31-годишен скопјанец, на 18 февруари во Косово, со умисла помогнал во извршување на кривично дело, така што со своите дејства ставил на располагање средства за извршување на кривичното дело, односно учествувал во купопродажба на автомобил кој подоцна на 6 март бил искористен за извршување на кривичното дело убиство во кафе бар на улица „Самоилова“ во Скопје“, информираат од Јавното обвинителство (ЈО).
Против Г.М. е поднесена кривична пријава по брза постапка за извршенo кривичнo делo „помагање” по чл. 24 од КЗ во врска со кривично дело „убиство“ по член 123 од КЗ, извршени на 6 март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.