Ноќва во 01.15 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Тетово, патничко возило „фолксваген туран“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.Р.(29) од с.Вруток, гостиварско, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница „Ферид Мурад“ во Гостивар.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.