29-годишник од Прилеп загина во тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера околу 18 часот на патот Прилеп-Градско.

Според првичните информации, во несреќата учествувале патничко возило „ауди“, со кое управувало починатото лице и товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, зад чиј волан бил 38-годишниот З.Б. од Куманово. А.М.(29) им подлегнал на повредите во прилепската градска болница каде бил пренесен по сообраќајната несреќа која се случила нешто пред 18 часот.

По наредба на јавен обвинител , телото на починатиот било дадено на обдукција, а увид на местото извршила екипа на ОВР Прилеп, информираат од МВР.

Поради сообраќајната несреќа на магистралниот пат Прилеп – Градско, меѓу крстосницата за село Ореовец и село Плетвар, сообраќајот беше во целосен прекин од 18 часот, а од 21 часот соообраќајот се одвиваше наизменично по една коловозна лента.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.