Дваесет и четиригодишен возач од Свети Николе е загинатиот во вчерашната несреќа на автопатот Тетово-Скопје.
Како што соопшти МВР, околу 20.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Тетово-Скопје, патничко возило „голф“ со регистарски таблици од Свети Николе, управувано од В.З.(24) од Свети Николе, излетало од коловозот.
Во несреќата возачот починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Тетово.
По наредба на Јавен обвинител при ОЈО Тетово, телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид бил извршен од увидна екипа од СВР Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.