Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот, при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 211 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 70 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, 21 санкциja за возење под дејство на алкохол.

Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, две за возач почетник, шест санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло…

Од МВР информираат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.