Во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци на возила со кои се врши јавен превоз на патници во текот на вчерашниот ден во периодот од 08.00 до 12.00 часот, санкционирани се 32 прекршоци, од кои 19 поради неисправен уред за запирање…
Како што денеска информираа од МВЕ упатени се на вонреден технички преглед 200 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз на патници.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат навремено да се проверува техничката исправност на возилата и навремено да бидат отстранети евентуалните недостатоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.