Ноќва во 00.55 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај клучката за Славеј планина, патничко моторно возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Н.З.(19) од с.Подгорци, струшко, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Р.С.(52) од с.Бороец, струшко, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.