Нoќва во 00.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Охрид – Св.Наум во Охрид, патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од М.С.(18) од Охрид излетало од коловозот.
По несреќата, возачот М.С. и сопатниците К.Т.(22) и Т.В.(34), двајцата од Охрид, биле пренесени во специјалната болница „Св.Еразмо“, каде на М.С. и сопатникот К.Т. им биле констатирани тешки телесни повреди, додека на сопатникот Т.В. му биле констатирани телесни повреди.
За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.