Вчера во 11.33 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод, 17-годишник од с.Б.Доленци, управувајќи мотоцикл „сузуки“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во паркирано патничко моторно возило „фиат пунто“ со кичевски регистарски ознаки, сопственост на Н.С..

По несреќата, мотоциклистот бил пренесен во Медицински центар Кичево каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кичево.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.