12 момчиња од Скопје, од кои десет се малолетни, се уапсени на улицата под скопското Кале, откако претходно на кејот на Вардар му се нафрлиле со тврди и остри предмети на момче од градот, соопшти полицијата.

На 23.02.2023 во 21.20 часот на ул.„Лазар Личеновски“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода И.Џ.(19), Ј.М.(18) и 10 малолетници, сите од Скопје, затоа што околу 21.05 часот на кеј на река Вардар, под мостот „Гоце Делчев“, физички нападнале малолетник од Скопје, при што употребиле тврди и остри предмети“, велат од полицијата.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.