Фотографии од жена која е нападната се проширија на социјалните мрежи. Фотографиите се направени од безбедносни камери и на истите се забележуваат две лица кои влечат чанта.
Немилиот настан најверојатно се случил изминатата недела во Карпош 4.
Комшии, само што добив инфо, па да споделам со вас како би припазувале, особено жените. Последниов период во Карпош 4 се нападнати 11 жени на влез од зграда и обиени 70 стана“, стои во пораката.
Граѓаните се револтирани што е изгасено дел од уличното осветлување, па упатија прашање до градоначалникот Стевчо Јакимовски, дали се уште општината ќе штеди струја.
11 нападнати жени и 70 станови обиени кај нас во населба. Стевчо брат, уште ќе штедиме струја??? @OpstinaKarpos
— До Ре Ми (@Gievskaaa) February 13, 2023
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.