Долгогодишниот македонски ракометен репрезентативец со 155 настапи во националниот дрес, голманот со богата интернационална кариера Борко Ристовски, од пред два месеци, е во комплетно нова професионална улога. Тој е на чело на новото Министерство за спорт. Ќе го вратиме спортот каде што му е местото во македонското општество, обезбедени се пари за ваучерите, со Даниел Димевски немам намера да комуницирам, спортисти и спортски работници не смее да ја рекламираат индустријата за игри на среќа, а оние што го прават тоа ќе ја загубат државната помош, вели во интервју за Рес Публика.
Повеќепати од доаѓањето на функцијата зборувате за воведување ред, односно за систем на вредност и начин на однесување на спортските функционери и на спортистите. Дали мислите на рекламирањето обложувалници и казина, бидејќи појавувањето на дел од нашите спортски легенди во ваквите реклами предизвика жестоки реакции во јавноста?
Ристовски: Се однесува и на рекламирањето на обложувалници, се однесува и на недостојно однесување, генерално, на сите претседатели коишто се однесуваат така, на нивното работно место и надвор од него. Мора да создадеме градација, да кажеме дека дотука е доволно, а на сите оние коишто добиваат државна помош и притоа рекламираат казина и обложувалници да им биде прекината помошта што ја земаат од државата, затоа што мислам дека е недостојно за кој било спортист да рекламира спортски обложувалници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.