Дрогата пронајдена во Белград имала ознака „АМГ“ и му припаѓала на Радоје Звицер. Вредноста на кокаинот запленет во голема акција на Управата за криминалистичка полиција и Вишото јавно обвинителство во Белград на црниот пазар би достигнала вредност од цели два милиони евра!

– Со претрес на повеќе станови кои ги користеле осомничените на територијата на Чукарица, полицијата пронашла повеќе од 18 килограми кокаин, спакуван во 17 пакувања, како и други предмети што се служеле за подготовка на кокаин за понатамошна продажба. Станува збор за оригинални пакувања чист кокаин со потекло од Јужна Америка, кој при подготовката за понатамошна продажба се меша со други супстанци и на овој начин оваа количина се зголемува неколкукратно – соопшти српската полиција..

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.