Судската постапка докажа дека српскиот  премиер Зоран Ѓинѓиќ бил застрелан од членови на Земунскиот клан на 13 март 2003 година, но никогаш не биле откриени инспираторите и налогодавачите, ниту пак била истражена улогата и одговорноста на службите во убиството на премиерот.

Она што е малку познато е дека во 2006 година била формирана посебна комисија, на иницијатива на тогашниот претседател Борис Тадиќ, која ја сочинуваа најистакнатите балисти и експерти од судска медицина.

Комисијата ги утврди овие грешки во истрагата
– Влажната крв од премиерот била спакувана по грешка
– Неуспешна анализа на ДНК траги на жардиниерата
– Никогаш не е направен скица со нацртана локација на куршумот
– Патериците на Ѓинѓиќ не се детално прегледани
-Опишан е само горниот дел од облеката на Ѓинѓиќ, а не панталоните
– Оштетувањето од куршум на зградата не е правилно фотографирано

Премиерот на Србија во моментот на убиството носел темно сиви хитонски панталони со светло сиви риги, големина 54, сино-бела кошула Азаро со пепито дезени и долги ракави, појас со две лица – црн напред и темен окер на задната страна. Со себе имал телефон Самсунг и дневното издание на Политика од 12 март 2003 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.