Во првите седум месеци од годинава, вкупните приходи во грчкиот државен буџет изнесуваат 36.846 милиони евра, зголемени за 5.556 милиони евра, односно за 17,8 отсто повеќе од поставената цел, според привремените податоци за извршување на државниот буџет, кои денеска ги соопшти Министерството за финансии на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

За периодот јануари – јули 2022 година даночните приходи изнесуваат 31.094 милиони евра, што е зголемување за 5.167 милиони евра или 19,9 проценти во однос на целта вклучена во извештајот за Буџетот за 2022 година, додека пак дефицитот изнесува 4.591 милиони евра наспроти целта за дефицит од 9.180 милиони евра.

Алтернативниот министер за финансии на Грција Теодорос Скилакакис рече дека добриот тек на јавните приходи продолжува и во месец јули.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.