Земјотрес утрово е регистриран во Босна и Херцеговина. Според податоците на Евромедитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) објави дека потресот бил на пет километри североисточно од Мостар.

Земјотресот со јачина од 3,1 степени по Рихтеровата скала е забележан во 07:49 часот.

Ноќеска се тресеше тлото и на подрачјето на Задар во Хрватска. Епицентарот на земјотресот, според податоци на италијанската сеизмолошка служба, бил во Јадранското Море, недалеку од Дуги Оток, на 30-тина километри од Задар.

Земјотресот бил со јачина од 2,9 степени и на длабочина од 10 километри.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.