Земјотрес со јачина од 2,98 степени според Рихтеровата скала денеска околу 15 часот ја потресе околината на Требиње, јавува ЕМСЦ.

Според нив, епицентарот бил на 13 километри од Требиње.

Добро се тресеше. Воопшто не беше пријатно – пишуваат жителите на Требиње.

Бидејќи се работи за слаб земјотрес, се претпоставува дека нема жртви и поголема материјална штета.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.