Поради поплавите во регионот Тесалија, привремено е затворен дел од автопатот Солун – Атина пред Катерини, сообраќајот е во прекин во правец кон грчката метропола, а возилата се пренасочуваат кон автопатот Егнатија, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката полиција информираат дека автопатот е затворен од синоќа по полноќ, а прекинот ќе биде сè додека не се нормализираат условите за сообраќај.

Сите возила кои се упатуваат кон Атина кај клучката Иматиа веднаш по патарината Малгара, на 20-ина километри по Солун, се пренасочуваат кон автопатот Игнатија.

Исклучок има за возилата чија крајна дестинација е регионот Пиерија, како и возилата за итни случаи, односно брзата помош, противпожарната служба итн.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.