Околу 8 часот утринава со воздушна пушка во Белград е застрелана девојка (15) кај Калемегдан. Девојчето било застрелано во бутот кога одело на училиште.
Како што пишуваат медиумите во Србија, девојчето тргнало на училиште, а во првиот момент откако било рането помислила дека ја удрила топка во ногата. Неколку секунди подоцна забележала крв.
Девојчето е пренесено во Институтот за мајка и дете и во моментов чека операција.
Инцидентот бил пријавен во полиција нешто по 8 часот, а истрагата е во тек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.