Германската амбасадорка Анке Конрад изјави дека е неопходно да се рестартира дијалогот меѓу Белград и Приштина и додаде дека договорот потпишан во Охрид е „обврзувачки за сите“.
„Тоа пишува и во самиот документ. Договорот ќе стане составен дел од процесот на пристапување на Србија во Европската унија и на тој начин документот е обврзувачки. Истото важи и за Косово. Договорите од Охрид и Брисел се добри за двете страни. Тоа не е унилатерален потег во кој тој дава се само на едната страна“, изјави Конрад во интервју за неделникот НИН.
Конрад рече дека целта на договорот е јасно наведена и може да се прочита, бидејќи не е таен документ.
„Нормализацијата на односите бара различни чекори, но, меѓу другото, она што беше договорено во Охрид – немешање на Косово во однос на членството во меѓународните организации. Тоа е само еден аспект во низа точки“.
Германската амбасадорка повтори дека нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија е цел на нејзината земја и дека Германија ќе придонесе за тој процес заедно со партнерите за конечно да се постигнат резултати.
„Резултатите имплицираат дека српската страна постојано барала – целосно да се имплементираат договорите од Бриселскиот договор склучен во 2013 година и другите договори“, рече Конрад.
Таа додаде дека локалните избори одржани на северот на Косово „не се основа за долгорочно решение“ и дека е неопходно да се организираат нови избори, со надеж дека косовските Срби ќе се вратат во институциите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.