Две жени и еден маж од Загреб се казнети со по 1.300 куни (10.000 денари) поради хаосот што го направиле по расправија во нивниот дом. Станува збор за маж (37), неговата сопруга (41) и неговата братучетка (41). Според пресудата, тројцата во мај годинава се опијаниле во стан во Загреб.
Како што пренесува хрватскиот портал „Деница“, тројката цела ноќ пиела, по што мажот и братучетката заминале на спиење, а сопругата останала да ја расчисти дневната после пијанката. Кога влегла во спалната соба ги затекнала сопругот и неговата братучетка во интимен однос.
Ја видов над него и ги прашав „Што правите?“. Почнав да викам и да се карам со нив, раскажала пред судот сопругата.
Таа го гребела и удирала мажот по главата, а ја зашлапала и братучетката.
Тие тврделе дека немало ништо меѓу нив, но судот го зел за вистинит зборот на сопругата, бидејќи таа била најтрезна во ситуацијата. Сепак, казната за нередот им е доделена и на тројцата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.