По неколкудневна кома на 59-годишна возраст почина братот на познатиот српски актер Никола Којо, Владимир. Тој бил тешко повреден во четвртокот, кога на хиподромот каде што со години работел го удрил коњ.
Во нашиот клуб беше тренер 7 години, а последната година не беше бидејќи ги повлеков коњите од хиподромот, поради лошите услови таму, за жал. Владимир има два коња таму, галопери. Владимир работеше таму во Белград, на хиподромот. Овој случај, тоа што му се случи, се случува еднаш во две милијарди случаи. Излегол да запре коњ што го фрлил својот јавач и коњот со полн галоп налетал на него. Значи, директен судир… Никој не е виновен, ниту коњот, ниту тој… Не ми се верува дека ова се случи. Едноставно не се видоа. Ниту неговиот коњ, ниту тој коњот. Како кога човек ќе падне од тротинет и ќе умре, значи, се случи нешто неверојатно. Тоа е коњ што тој го тренираше, значи тоа е негов коњ, вели за „Телеграф.рс“ Владан Дамјановиќ, сопственикот на коњичкиот клуб „Ластин пут“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.