Полицијата на Република Српска забрани собири и одбележување на 25 ноември – Ден на државноста на Босна и Херцеговина.
Според полицијата во Бања Лука и Мркониќ одбележувањето е забрането поради закана по безбедноста и јавниот ред и мир.
На 25 ноември 1943 година во Мркониќ се одржа првата седница на Националниот антифашистички совет на БиХ, на која беше објавено формирањето на БиХ како рамноправна федерална единица во рамките на новата Југославија. Затоа 25 ноември во 1992 година е прогласен за државен празник во БиХ.
Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, постојано повикува на отцепување на Република Српска од БиХ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.