Двајцата се приведени во Валона, но се жители на Скадар.
-Истрагата продолжува во врска со осомничените кои би можеле да бидат вмешани во смртоносниот напад. По неколку часа од настанот две лица се приведени во Валона, но се жители на Скадар. Пренесени се во Тирана на распит, стои во полициското соопштение.
Нападот го извршиле три лица, вчера околу 1 часот кои од возило „ренџ ровер” со автоматски пушки пукале во првиот и вториот кат на зградата.
Чуварот се наоѓал во стражарската куќичка. Бил вработен пред шест месеци. Татко е на три деца.
Кусо пред нападот зградата ја напуштиле 10 новинари и сниматели, со што е избегната поголема трагедија. /МИА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.