Александар Вучиќ на својот профил на ТикТок објави видео во кое ги прашува своите следбеници дали знаат дека Лорд Волдеморт, измислен лик од серијата романи за „Хари Потер“, е Србин.
@jasamaleksandar Ono kad lord Voldemor postane Srbin! #ralphfiennes #jasamaleksandar #harrypotter #serbia #serbianpassport ♬ original sound – Ja sam Aleksandar
„Па, ова е само овде“, напишаа луѓето во коментарите под видеото кое собра повеќе од 20.000 лајкови.
Имено, актерот Ралф Фајнс, кој го отелотвори ликот на Волдеморт, во 2017 година добил српско државјанство во знак на благодарност за снимањето на филмот Кориоланус во таа земја. Одлуката за државјанство ја потпишала премиерката на Србија, Ана Брнабиќ.
На 23.06.2017 година, актерот бил гостин и на свеченоста што ја организирал претседателот на Србија по повод неговата инаугурација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.