Измените во упатството за водење на матичните книги и документација според кои ќе има и графа за етничка припадност, ја засилија кампањата на Фондација Македонија за вадење на бугарски пасоши со доказ за бугарски корени кој ќе чини само 250 денари.
Според математиката на здружението „Фондација Македонија“ од Софија, доказ за бугарско потекло отсега ќе може да се вади и со вадење на македонски извод ако во графата за етничка припадност се впишеме како Бугари.
Според новиот закон можете да го обновите изводот на родените и на него пишува националност: бугарска. Сега проверуваме дали ова ќе ти даде можност сигурно да добиеш бугарско државјанство, но ако на изводот ти пишува бугарско, дефинитивно треба да добиеш бугарско државјанство врз основа на бугарско потекло и самосвест. Масовно се вадат изводи од Македонија, во кои е напишана националноста на Бугарин. Чини 250 денари, порачаа од здружението, објавија од Фондацијата.
Досега македонските граѓани плаќаа по стотина евра на разни посредници кои им вадеа документи за бугарско потекло, но ова би бил далеку полесен начин за вадење на пасош со кој стотина илјади граѓани заминаа на печалба во земјите на ЕУ, како и полесен начин да се засили бугарската пропаганда.
Со Упатството за изменување и дополнување на упатството за начинот на одржување, заштита и чување на матични книги и документација кое го изработи Министерството за правда отсега во изводите од матичните книги има и графа за етничката припадност, односно националност.
Со оваа измена ќе може да се докаже етничката припадност со официјален документ, но според министерот за правда, Кренар Лога, за секоја можна злоупотреба на етничката припадност во постапка на вработување по етничкиот балансер ќе може да се отворат и кривични постапки за лажно пријавување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.