Големите сили ве фалат кога ги слушате и ги повредувате Србите, но кога шумите ќе почнат да горат, Србија е прва што ќе помогне“, и порача на Македонија српскиот вицепремиер и поранешен министер за полиција Александар Вулин, јави дописникот на МИА од Белград.
-Имате убав јазик, побарајте во него зборови што означуваат чест, лојалност, благодарност, рече Вулин, потсетувајќи дека Србија и помага на Македонија во гаснењето на шумските пожари и покрај тоа што Македонија беше „спонзор на антисрпската резолуција за Сребреница“.
Како што пренесува белградскиот весник Ало, Вулин потсетува дека како министер за полиција, секоја година испраќал луѓе и опрема за да и помогне на Македонија да ги гасне пожарите, како и денес, кога српските хеликоптери и пожарникари се борат со огнот за да ги спасат луѓето и имотот на Македонија.
– Драги наши соседи, следниот пат кога ќе ве повика некој амбасадор и ќе ве замоли да гласате за нешто што длабоко ја навредува Србија, како лагата за геноцидот во Сребреница, сетете се кој бил кај вас кога горело, кажа Вулин.
Тој додаде дека „големите сили ве фалат кога ги слушате и ги повредувате Србите и Србија, но кога шумите ќе почнат да горат, Србија е прва што доаѓа да помогне“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.