Министерот за внатрешни работи Александар Вулин денеска изјави дека Србија нема воведено и нема да воведе санкции кон Русија.

„Европа е збир на територии, не е збир на држави, ниту некој нешто ги прашува, ниту тие самите одлучуваат, другите ги избираат своите пријатели и непријатели. Србија е една од последните земји во Европа, земја која не воведе санкции кон Русија и нема да воведе санкции кон Русија“, рече тој.

Вулин рече дека Србите, без разлика каде живеат, мора да бидат „единствен политички народ“ и заедно да носат одлуки за националните прашања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.