Српскиот претседател Александар Вучиќ, на својот Инстаграм профил објави видео ретроспектива од изминатата работна недела.

Српскиот народ нема да остане без поддршката на Србија, што и да се случи, бидејќи за нас е важно Србите од Косово и Метохија да бидат безбедни и сами“, напиша Вучиќ со видеото и додаде: Без избрзани потези, секогаш со нашите луѓе и за подобра иднина на нашите деца, ова е политиката што ја водиме и за која се залагаме секојдневно. Продолжуваме да ги штитиме националните интереси, а во исто време се бориме за секоја фабрика, за се што може да донесе благосостојба, да биде посилно, подобро.

Имаме доверба во себе и верувам дека ќе успееме да ги зачуваме мирот и стабилноста, нашиот народ и нашата Србија, заклучи Вучиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.